Експозитурата во Кривогаштани и шалтерот во Брвеница на ТТК Банка престануваат со работа

31

ttk-banka

Експозитурата на ТТК Банка во општина Кривогаштани и шалтерот во Брвеница престануваат со работа, информираат од банката.

Експозитурата Кривогаштани на улица Маршал Тито бр.81, во општина Кривогаштани престанува да работи. Од банката порачуваат дека клиентите може да ги извршат банкарските активности во најблиската експозитура на ТТК Банка во Прилеп, на улицата Борис Кидрич 66 со редовно работно време од понеделник до петок од 8 до 16 часот и сабота од 9 до 13 часот.

Поради тоа што шалтерот Брвеница на улицата Маршал Тито број 94 во општина Брвеница престанува со работа, од ТТК Банка ги упатуваат клиентите своите банкарски активности да ги извршуваат во најблиската експозитура на банката на улица Илинденска број 226 во Тетово, како и останатите деловни единици во градот.