ElectRoad – безжично полнење на возилата на патиштата

38

3e5c9d_42b053745d674049a30d9c92fde02f26

Израелскиот старт – ап ElectRoad создаде специјализирана технологија за безжично полнење на електричните возила на патиштата.

Оваа технологија ќе овозможи поголема употреба на електричните возила, коишто се еколошки, а во исто време ќе ги намали високите трошоци за скапите батерии.

Електричните траки на ElectRoad може да се интегрираат на патиштата на оддалеченост од еден километар, по што возилото може да помине и до пет километри откако ќе се наполни на траката.

Поставувањето на овие траки, според ElectRoad, ќе биде лесно, брзо и едноставно.