ElectroDermis – технолошки уреди што се носат на кожата како лепенки

197

Научници од Универзитетот Carnegie Mellon креираа уреди што се лепат на кожата и можат комотно да се носат со часови, па и денови. ElectroDermis се нанесуваат како фластери, а создадени се со помош на нов иновативен метод. Според научниците, овие уреди можат да се носат за медицински цели, фитнес потреби и слично.

Лепенките се еластични и се прилагодуваат на движењата на телото. Во нив има вградено компоненти за процесирање на сигнал, безжична комуникација и моќност, пишува Dezeen.

Покрај статични чипови што се фиксирани за еден ден од телото, уредот има и флексибилни бакарни електрични жици коишто прават струјни кола. Можат да се прилагодат на индивидуални потреби благодарение на специјален софтвер и се користат повеќе пати токму поради заменливоста на лепливиот слој.

За да се изработат ElectroDermis лепенките потребно е помалку од еден час. Научниците предлагаат технологијата да се употреби за следење на витални знаци, вежбање, мерење на количината на храна или да послужат како паметен завој.