Електричен автомобил којшто никогаш не треба да се полни

48

Компанијата Aptera, којашто во 2011-та година запре со развој на идејата бидејќи не успеа да обезбеди финансиски средства за својот електричен автомобил на три тркала, се враќа на пазарот со нов соларен електричен автомобил за којшто тврди дека никогаш нема потреба да се полни, пишува The Verge.

Се предвидува со најсилниот модел, возачот да помине 1.600 километри со батерија што има моќност од 100 киловати.

Нивниот градски двосед на три тркала има соларни ќелии, кои дневно може да врати во батеријата енергија доволна за поминување на 72 километри. За поголемиот дел од возачите, тоа е и повеќе од доволно за дневна потрошувачка, кога се работи само за градско возење.

Двоседот има заоблен облик, аеродинамичен и со коефициент на отпор од 0,13, додека тој коефициент кај Model 3 на Tesla е 0,23, а на ID 4 на Volkswagen  е 0,28.

Фото: Freepik