Електричен ромобил – одговор на градскиот сообраќаен метеж

179

romobil

Оваа есен во Загреб започнува производството на електричниот ромобил, кој би требало да биде одговор на градскиот сообраќаен метеж.

“Во текот на тест периодот од една година, прототипот на електричниот ромобил покажа низа предности во повеќе сегменти. Едноставен е при движење низ градот, а со чувството на сигурност, што произлегува од ниското тежиште, нуди вистинско уживање во возењето. Во однос на останатите урбани ромобили, сигурноста значително се подобрува со поголемото предно тркало и ефикасниот систем за сопирање“, вели дијзанерот на ромобилот, Ранко Широла, пренесува Пословни дневник.

Брзината на движење ја одредува туркањето на пешакот, додека електромоторот повремено ја намалува силата потребна за постигнување на потребното забрзување. Силата на електромоторот е 250 вати, има шест степени на пренос што овозможува различни брзини на движење независно од теренот, како што е на пример нагорнина.

Додека велосипедистите при забрзување, запирање или помала брзина со нога ја воспоставуваат стабилноста, кај ромобилите процесот на претворање од возач во пешак е многу поедноставна, постабилна, побрза и посигурна. Доволно е да се направи еден чекор, како на ескалатор во трговските центри. На стабилноста и удобноста при возењето влијае и ниското тежиште кое овоможува полесно движење, совладување на пречките и брзо качување и симнување од ромобилот. Бидејќи при возењето возачот стои, воопшто нема проблем со тоа како ќе биде облечен, што не е случај со возењето велосипед.

Батеријата, што ја дава силата на електромоторот, многу лесно може да се извади и да се стави кога е потребно. Ромобилот ќе чини околу 2.000 евра, а ќе развива брзина до 25 километри на час. При секое запирање сензорите автоматски го исклучуваат моторот. Поставениот LCD дисплеј содржи податоци за моменталната брзина, вкупно поминатиот пат, дневен мерач на километражата, најголемата можна брзина, состојба на батеријата, начин на употреба на моторот со шест степени на пренос, како и светло за навечер.