Електрична ламба што сами ја креирате без алати

53

ba29c9d763a40138f5cd6c9162130ab9_original

Фото: Kickstarter

Electric Paint Lamp Kit е пакет што содржи сè што му е потребно на корисникот сам да создаде три електрични ламби без никакви алати, програми или предзнаење. Комплетот содржи плоча што свети, електрична боја во туба, микро USB кабел, шаблони за трите ламби (Тouch, Dimmer, и Proximity) и листа со инструкции.

Ламбите се направени од хартија и лесно се приспособуваат според желбите на корисникот. Може да се сечат и бојат на различни начини.

Бојата, што се користи спроведува електрична енергија, е базирана на вода и вопшто не е токсична. Со неа се бојат електрични копчиња и може да се користи како спроводен лепак на хартија, пластика и текстил. Плочата е главниот дел на пакетот, се напојува со USB и не и се потреби никакви програми или специјални алати за да работи. Само приклучете го кабелот за било каков напојувач со електрична енергија и добивате готов производ.

Шесте LED сијалички и трите различни режими на работа ја обезбедуваат светлината за вашите ламби. Производот има своја кампања на Kickstarter  и досега имаат собрано 56.123 евра од побараните 18.434 евра.