Електрични автобуси во Женева ќе се полнат за 15 секунди

15

ABB-Flash-Charging-Station-1020x610Во вториот по големина град во Швајцарија, Женева, електричните автобуси наскоро ќе се полнат за само 15 секунди, пишува Inhabitat.

По успешниот пилот проект, технолошката компанијата ABB, со седиште во Цирих, потпиша договор со Transports Publics Genevois за реализација на револуционерната технологија што може засекогаш да го промени урбаното патување.

Компанијата ќе опреми 12 тролејбуси и ќе обезбеди 13 станици за брзо полнење. Во договорот вклучено е и петгодишно одржување на превозните средства. Според планот, автобусите ќе можат за 15 секунди да добијат 600 киловати енергија, а за комплетно полнење на возилата ќе им бидат потребни четири до пет минути.

Електричните автобуси ќе можат да превезуваат повеќе од 10.000 патници дневно, а според ABB, новите возила ќе ги намалат годишните емисии на јаглерод диоксид за 1.000 тони. Освен тоа, тие ќе бидат исклучително тивки што ќе придонесе за намалување и на бучавата во градот. “Зелените” автобуси планирано е да бидат пуштени во употреба во 2018 година.