Безжично полнење на патиштата за електрични возила е концепт на поранешниот научник на НАСА, Курам Африди. Тој заедно со неговиот тим развиваат концепт што ќе им помогне на електричните возила, наместо да застануваат за да се наполнат, да можат да се движат по патот и така да се наполнат со потребната електрична енергија.
На самиот пат ќе биде поставен метал што ќе реагира и ќе создава осцилирачко енергетско поле за создавање струја на висока фреквенција што резултира со електрично напојување што се пренесува директно до батериите на електричното возило.
Целта на идејата е да им се скрати времето што возачите треба да го поминат чекајќи да им се наполни возилото. Сепак, тоа нема да значи дека со воведување на оваа иновативна технологија, целосно ќе исчезнат полначите за електрични возила, пренесува Tech Times.
Фото: Pexels