Електричните возила доминираат на патиштата во Норвешка

18

Електричните автомобили во Норвешка беа повеќе барани за сметка на оние иј погон е на фосилни горива, покажуваат официјалните податоци.

Во исто време, германски Volkswagen го надмина американскиот производител на електрични возила, Tesla на позицијата главен производител на електрични автомобили.

Во Норвешка минатата година се продадени вкупно 141.412 нови автомобили, од кои 76.789 се исклучително електрични

Нивниот удел на норвешкиот пазар се зголеми на 54%, што Норвешка ја прави лидер во светски рамки. Во 2019 година, тој удел бил 42,4%, а 10 години претходно само 1%, наведува норвешката федерација за патен сообраќај.

Електричните возила и претходно надминуваа половина од продажбата во одредени месеци, но 2020 година беше прва година во која е остварен таков резултат.

Фото: Freepik