Електричните возила во Германија ќе затворат 200.000 работни места

53

Преминот од мотори со внатрешно согорување на оние на струја ќе го намали бројот на работни места во автомобилската индустрија за една третина, пресмета Инстутот за економски истражувања.

Германската влада минатата година ја продолжи програмата за субвенционирање на купувањето електрични автомобили до 2025 година, за да ги поттикне граѓаните да придонесат за намалување на емисијата на стаклени гасови.

Германската автомoбилска индустрија веќе започна со истражување и развој, гради нови капацитети, заедно со дигитализација, што ќе помогне да се зачува вработеноста. Секторот во овој момент вработува околу 613.000 лица.

Дури и ако до 2025 година и воведување на електромобилност однесе во “пензија“ околу 86.000 работници, бројот на работни места што би можеле да се изгубат останува голем.

Преквалификацијата би требало да почне веднаш за да се ублажат последиците.

Фото: Pexels