Elektro-Kontakt од Загреб премина во германска сопственост

359

Загребската компанија Elektro-Kontakt d.d.,којашто е водечки хрватски и регионален производител на делови за апарати за домаќинство, од први септември е во целосна сопственост на германската Групација E.G.O.

Компанијата има и ново име E.G.O. Elektro-komponente d.o.o, а го зголеми и бројот на вработени од 130 на 800, пишува Poslovni.

Откако станаа дел од фабриката во Загреб во 1992 година, Германците, како мнозински акционери, постепено ги откупуваа и останатите акциите и сега конечно станаа сопственици во целост. Според реководителот на E.G.O. Elektro-komponente Домагој Маташиќ, со преземањето на обврските од договорот компанијата продолжува со успешното работење и градење на добри односи со своите партнери од Германија.

Групацијата E.G.O. е присутна во 16 држави, вработува 6.000 работници и остварува приходи од 609 милиони евра. Изработува греачи и контролни компоненти за готвење, печење, перење, миење и сушење на садови. Освен тоа изработуваат делови и за медицинската и градежната технологија, како и за автомобилската индустрија.

Компанијата во Загреб се занимава со производство на термостати, прекинувачи, енергетски регулатори и други компоненти за инсталација.

Фото: Elektro-Kontakt d.d