Електронска кожа се напојува со соларна енергија и е осетлива на допир

28

untitled

Фото: University of Glasgow

Инженери од Универзитетот во Глазгов создадоа синтетичка кожа, што користи сончева енергија, а којашто ќе служи за создавање протези како замена за екстремитети. Преку овој вид на кожа, ќе се врати сетилото за допир кај луѓе кои имаат ампутирани делови од телото.

Научниците претставија синтетичка кожа којашто се напојува со соларна енергија користејќи графен, пишува Reuters. Графенот, којшто е тенок и поцврст од челикот, е идеален за акумулирање на сончева енергија.

Овие протези може да репродуцираат многу механички својства на човечките екстремитети и да им го вратат сетилото за допир кај луѓето со инвалидитет.

Електронската кожа, којашто е осетливата на допир, може да се користи и кај роботите за да се подобри нивната ефикасност и да им помогне на машините во откривање на потенцијалните опасности при интеракција со луѓето.