ЕЛЕМ доделува пет стипендии за студенти на Државниот универзитет во Тетово

41

АД ЕЛЕМ објави конкурс за доделување пет стипендии за студентите на Државниот универзитет во Тетово. Стипендирањето е наменето за студенти од Факултетот за применети науки, во програмските студии мекатроника и инженерска економија, како и за оние на Факултетот за природно- математички науки, отсек информатика.

Право на учество имаат сите редовно запишани студенти на прв циклус судии, и со пресечна оценка не помала од 8,00, а доплнителен услов е студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија.

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од три члена, од кои два члена се од редот на вработените во АД ЕЛЕМ и еден член од Државниот универзитетот во Тетово.

Повеќе детали околу начинот на аплицирање и потребната документација, ќе најдете на следниов линк.

Инаку, доделувањето на стипендиите е како резултат на Меморандумот за соработка потпишан меѓу АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) и Државниот универзитет во Тетово.