Фото: Facebook
Архитектонското студио Hello Wood од Будимпешта создава дизајнерски елки изработени од дрво за огрев, коишто откако ќе завршат празниците се дистрибуираат до социјално загрозени семејства, пишува ArchDaily.
За прв пат во 2013 година во унгарските градови Будимпешта и Кечкемет се појавија вакви елки, а од оваа година се достапни и во Лондон и Виена.
Елките се високи по 16 метри, тежат 40 тони и обезбедуваат огревно дрво за 25 семејства. Има и помали елки со висина од 11 метри и тежина од 20 тони, што значи огрев за околу 10 семејства.