ElliQ – робот што им помага на постарите лица да бидат интерактивни

32

elliq

Технолошкиот старт – ап Intuition Robotics создаде робот со вештачка интелигенција, чија цел е да им прави друштво и да им го подобри квалитетот на живеењето на постарите лица.

elliq-1

Роботот ElliQ има систем што функционира со гласовни команди и му овозможува на корисникот да прави видео разговори, да игра игри и да биде активен на социјалните медиуми. Роботот има можност да ги собира информациите за желбите и потребите на корисникот, по што ќе му дава препораки за дигитални содржини, како што се музика или електронски книги.

elliq-2

Целта е да им се помогне на постарите луѓе да бидат интерактивни, да сакаат да комуницираат и да бидат во чекор со технолошкиот напредок и да им го олесни начинот на живот. Исто така, роботот ја следи температурата и условите во кои живее неговиот корисник.