Американскиот магазин Emerging Markets го прогласи турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек за “Министер за финансии на годината на Европа во развој”.
Шимшек е првиот турски министер што добива награда затоа што успеа да го зачува буџетот, да го преполови јавниот долг на земјата и да ја направи Турција интересно место за инвестиции.
“Турската приказна се издвојува како одличен пример за тоа како пазарите на земјите во развој не само што успеаја да ја свртат фискалната ситуација во изминатите години, туку и да се консолидираат и да го зголемат фискалниот кредибилитет во време кога Г7 земјите се борат да се справат со постојаното зголемување на долгот и стареењето на населението”, вели Сајмон Квијано – Еванс, шеф на истражување на пазарите во развој на Комерцбанк.
Освен Шимшек, за Министри на годината именувани се и: за Латинска Америка – Маурицио Карденс од Колумбија, за Азија е Цесар Пурисима (Филипини), Низар Барака (Мароко) за Блискиот исток и Северна Африка и Правин Гордан (Јужна Африка) за под-Сахара регионот во Африка.
Emerging Markets е магазин кој објавува вести и текстови за интернационална економија, глобални финансии, анализи и мислења.