Емилија Зографска од ОНЕ добитник на PRO.PR Awards 2014

27

e87dc0bc-2c1a-43bf-a6cc-6cebc7ee70d8 Емилија Зографска, менаџер во одделот за односи со јавност во телекомуникацискиот оператор ОНЕ е единствената добитничка од Македонија на PRO.PR Awards 2014.

Наградата беше доделена во рамките на 12-тата PRO.PR конференција за односи со јавноста која од 26 – 29 март се одржа во Сараево.

Наградите се доделуваат на поединци од регионот кои на стручен, етичен и креативен начин постојано допринесуваат за развој во струката односи со јавност во регионите.

“Чест е да се биде носител на оваа награда особено што доаѓа од професионалци во фелата. Иако е лична сепак е колективна бидејќи единствено тимската работа во ОНЕ е гаранција за успех. Продолжувам со уште поголема одговорност и заложба за унапредување на професијата”, изјави Зографска на свеченото доделување на наградите во Сараево.

PRO.PR Awards се доделуваат од 2011, кога се оддржа 10-ти годишнината на оваа престижна конференција на која присуствуваа голем број експерти по комуникација од регионот.