Emirates Airline порача 30 Boeing авиони во вредност од девет милијарди долари

22

Авиопревозникот од Дубаи, Emirates Airline купува 30 Boeing 787-9 Dreamliner авиони. Овој модел на авион може да смести од 242 до 330 патници во две класи, а авиокомпанијата треба да плати вкупно 8,8 милијарди за зделката.

Ова е обредојдена вест за американскиот производител којшто има приземјено околу 400 авиони од типот 737 Max низ целиот свет, пишува CNBC.

Најголемиот авиопревозник во светот ќе го започне проширувањето на флотата на почетокот на следната година и планира истата да се зголеми за 30% до крајот на 2025 година.

Emirates моментално брои 270 патнички авиони и уште 12 товарни.

Авиокомпанијата беше број еден купувач на Airbus A380, најголемиот авион во светот и поседуваше 123 вакви летала.

Фото: Pexels