Емиратите сакаат да инвестираат во Телеком Србија

35

telekom-telekom-srbija-telekom-austrija-1328585176-78040-640x428Компанијата Мубадала од Обединетите Арапски Емирати е заинтересирана за инвестирање во Телеком Србија, пишува српскиот дневен весник Блиц.

Имено, делегација од компанијата, која минатата недела присуствувала во Белград, меѓу другото го посетила и Телеком и покажала интерес за заедничка инвестиција во таканаречениот “дејта центар” од истата фирма.

Се работи за место каде што се сместени сите компјутерски системи и нивните компоненти. Овие центри чинат помеѓу 100 и 300 милиони долари.

“Тие сакаат да инвестираат во изградбата на телекомуникациската инфраструктура, односно во мрежата на базни станици,која подоцна би ја давале на заем на операторите. Заинтересирани се за намерата на Србија до крајот на годината да распише конкурс за лиценца за 4G мобилна телефонија”, тврди извор од весникот Јутарњи лист.