Вкупната емисија на сулфур диоксид (ЅО2) од електраните и другите погони на јаглен од земјите во западен Балкан се зголемени и за шест пати над дозволените граници во 2019 година, пренесува Balkan Energy Green News.
Податоците покажуваат дека, како што се наведува, емисијата на прашкасти материи во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија биле 56,8% над дозволената граница на 17.557 тони. Црна Гора е вклучена во извештајот, но во таа земја има само едно ложиште и поради тоа нема национален план за намалување на емисиите, со којшто се одредуваат гранични вредности.
Ниту една земја не го задржала загадувањето на воздухот во рамки на зададените бројки. Нивото на азотни оксиди (NOx) во Македонија и Србија биле под горната граница, а емисијата на прашина, односно суспендирани честички ПМ, во Србија номинално исправни. Целокупното подрачје имало дозволена количина на испуштени азотни оксиди.
Емисиите на сулфур диоксид се зголемени за 2,2% на вкупно 617.281 тони, што е скоро шест пати или 495,4% над границата.
Фото: Freepik