Емоции, динамики и врвна технологија – Новиот Audi TT

25

audi

Сосема новото издание на модерната класика е во центарот на вниманието: Audi TT и Audi TTS ја имаа својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева (овие возила во моментов не се достапни за продажба. Тие уште немаат општ тип одобрување и не се опфатени со директивата 1999/94/ЕО). Третата генерација на компактниот спортски автомобил повторно одушевува со својот емоционален дизајн и со динамичните квалитети. Новото купе го карактеризираат: употребата на иновативните технологии на моторот, контролата и начинот на прикажување, вклучувајќи ја и Audi виртуелната кабина.

„Audi ТТ е олицетворение на иконата со автентичен дизајн и врвни перформанси”, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор на AUDI AG за технички развој.

Во предниот дел на новото ТТ доминираат хоризонтални линии. Единечната решетка е многу поширока за разлика од онаа на претходниот модел, со моќна линија која ја подели на два дела. Логото со четирите прстени е поставено на поклопецот на моторот исто како и кај Audi R8 – спортскиот автомобил со високи перформанси.

Предните светла му даваат на новиот TТ ново лице. Ксенон плус светлата се стандард, а кај Audi ТТ како опција можат да се вградат LED светла или оние со најновата технологија Audi Matrix LED, каде што долгите светла се генерираат од индивидуални LED диоди. Matrix LED светлата се составени од 12 LED диоди, а вклучуваат и други Audi иновации како на пример динамичните трепкачи кои секвенцијално ја осветлуваат насоката на движење.

Со 4,18 метри, има  речиси иста должина како и неговиот претходник , иако меѓуоскиното растојание е поголемо за 37 мм и сега изнесува 2505 мм, со тоа намалени се деловите пред и зад тркалата. Купето е 1832 мм широко, а ја има истата висина како и претходниот модел од 1353 мм.

При брзини од 120 km/h се отвора спојлерот кој ја подобрува аеродинамиката и ја зголемува силата која го држи цврсто на патот. Сите модели во задниот дел имаат две

издувни цевки. Тој момент повторно потсетува на првиот ТТ модел. Како и сите Audi S модели и TTS има четири овални издувни цевки.

S линијата е опција, овој пакет однадвор вклучува поинаку дизајнирани браници, поинаква маска, прагови и заден дифузор кои изгледаат поостри и поспортски. Управувањето е повеќе од динамично со 18 инчните тркала и каросеријата која е за 10 мм поблиску до подлогата.

Клиентите на новиот Audi TT имаат поголем избор, за разлика од претходни модел, и можат да изберат една боја од широката од палета на бои. Постојат 11 бои на каросеријата, од кои една е исклучиво наменета за S Line.

Audi кај новите ТТ и TTS нуди три различни четири- цилиндрични мотори со турбо полнач и директно вбризгување. Излезна моќ се движи од 135 kW (184 КС) до 228 kW (310 КС). TFSI бензинските и TDI моторите комбинираат атлетска моќ со пионерска ефикасност. Старт – стоп системот е стандард.

Новиот Audi TT со quattro постојаниот погон на сите тркала испорачува дополнителна стабилност и забавата при возењето. Погонот беше постојано унапредуван и оптимизиран особено за новите ТТ модели. Неговата електро -хидраулично контролирана мулти спојка е поставена на задната оска. Специјалната пумпа е така дизајнирана со што нејзината тежина е намалена за 1,5 kg во споредба со претходниот модел. Дистрибуцијата на вртежниот момент меѓу оските е контролирана електронски и се случува во дел од секунда.