Емпорики банка продадена за едно евро

56

Француската Банка Credit Agricole ја купи Емпорики Банка, подружница на Алфа Банка за само едно евро. Се проценува дека оваа трансакција ќе ја намали нето добивката на Credit Agricole за околу три милијарди евра.

Вложувањето во Емпорики Банка се оценува како многу ризичен потег на Credit Agricole, бидејќи грчката банка во последниот период има огромни побарувања во вид на кредити кои никако не може да ги наплати. Емпорики Банка во Грција е позната по евтините кредити со ниски каматни стапки наменети за граѓаните и фирмите. Поради грчката криза и големиот број на отпуштања од работа на грчките граѓани во последните шест месеци, грчката банка работи со огромни загуби.

Според извршниот одбор на Credit Agricole ваквиот ризичен потег има свои добри страни познати само ним. Според неофицијални информации, до крајот на годинава Credit Agricole ќе ја докапитализира Емпорики Банка со 2,3 милијарди евра.