Фосилните извори во иднина ќе бидат примарен извор за светските енергетски потреби

72

Енергетската индустрија треба да инвестира 14,5 илјади милијарди долари до 2040 за да може да одговори на глобалната побарувачка за струја, се вели во анализата на Business Insider.

Енергијата од обновливите извори е во подем, но фосилните извори и во следните 20 години ќе имаат значајна улога во покривањето на светските енергетски потреби.

Уделот на јагленот во енергетскиот микс од 41% во 2013 година, ќе се намали на 30% во 2040. Разликата во овие побарувања ќе се компензира целосно со обновливи извори, чијшто удел се очекува да порасне од 6% на 18% за истиот временски период. Во 2013 година, 67% од употребените горива отпаѓаа на нафта, јаглен и гас, меѓутоа до 2040 година тој процент ќе падне на 54, според аналитичарите.

Намалувањето на употребата на фосилни горива е директно условно и од обидите на политичките субјекти во развиените економии да го зголемат производството на енергија добиена како од обновливи извори, така и во построги еколошки стандарди.

Според US Solar Energy Industries Association, САД се лидер во изградбата на капацитети како за соларна енергија, така и за енергија од други обновливи извори, а и другите земји полека фаќаат приклучок, на пример Австралија веќе најави затварање на термоелктраната во Нов Јужен Велс до 2022 година и преминување на алтернативни извори.

Меѓутоа, зголемената побарувачка до 2040 година доаѓа од Индија и Кина, а поради нивните потреби употребата на фосилни горива и понатаму ќе остане актуелна.

Во една таква ситуација, проектираниот капацитет за глобалното производство на електрична енергија ќе порасне од 5.884 гигавати на 10.500, што значи пораст од 80%, па оттука и заклучокот дека задоволувањето на побарувачката на електрична енергија во следниот период ќе повлече потреба од сериозни инвестиции во овој сектор.

Од вкупната сума од 14, 3 илјади милијарди долари, 11,3 ќе се алоцираат на конструкција на нови централи кои ќе произведуваат додатен капацитет од  6.700 гигавати, а останатите ќе одат кон градење на дистрибутивна инфраструктура со цел да се пренесе електричната енергија, покажуваат анализите.

Фото: Pexels