ENG Service Trade обезбеди тројца млади таленти да учат од Кирил Лазаров во неговиот камп

99

slika

Македонската компанија ENG Service Trade, која се занимава со трговија и снабдување со електрична енергија и која е успешна во својата дејност, покажа дека големината на една компанија не е само нумерички податок. Големината е во помагањето, а во овој случај тоа е остварување на сонот на три момчиња и девојчиња да присуствуваат на кампот на Кирил Лазаров.

“Минатата година на едно младо момче од Охрид преку еден од нашите пријатели му овозможивме да ја почуствува магијата на ракометот и да се едуцира и дружи со најдобриот десен бек во светот на ракометот. Оваа година си зададовме цел да им помогнеме на повеќе дечиња кои иако имаат огромна желба да го посетат кампот на капитенот, за жал, нивните родители не се во можност да им го исполната сонот. И успеавме.

Со растењето на компанија, изминативе неколку години расте и свеста на сите нас во ENG Service Trade дека треба да помагаме и да вложуваме во нашата иднина, а тоа се младите кои преку спортот ќе се развијат во здрави личности, како во физичка, така и во психолошка смисла. Кирил е нашиот најголем амбасадор, кој поседува вредности кои треба да ги има секој млад човек. Кампот како проект е нешто феноменално и сигурни сме дека децата ќе има што да слушнат и видат, а и ние сме тука да обезбедиме да учат од најдобриот македонски спортист“, вели Сања Божиновска, директор на ENG Service Trade.