Eni и Repsol ќе увезуваат нафта од Венецуела во Европа од јули

79

Италијанската нафтена компанија Eni и шпанската Repsol SA би можеле да започнат со увоз на нафта од Венецуела во Европа веќе следниот месец.

Тие одлучија да го направат тоа за да го компензираат прекинот на увозот на руска нафта, објави  Ројтерс, повикувајќи се на тврдењата на неколкумина запознаени со оваа проблематика.

Увозот на нафта од Венецуела беше запрен пред две години кога Вашингтон ги заостри санкциите кон таа земја.

Се очекува дека количината на нафта што ќе ја воведат компаниите Eni и  Repsol не е голема, велат упатените, тврдејќи дека влијанието врз светските цени на нафтата ќе биде скромно, пренесува Ројтерс.

Стејт департментот напиша писмо со кое се одобрува двете компании да продолжат да увезуваат нафта од Венецуела.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се надева дека венецуелската нафта може да и помогне на Европа да ја намали зависноста од руската нафта и да пренасочи дел од извозот на Венецуела од Кина.