époque évolution – облека изработена од органски материјали и рециклиран текстилен отпад

33

Брендот époque évolution, со седиште во Сан Франциско, создава облека од органски материјали, преработен текстилен отпад, а ја претвора и старата облека во нова. Освен тоа, парчињата коишто се едноставни за одржување можат да се комбинираат на различни начини во зависност од потребата на корисникот.

Зад стартапот стојат Ненси Техјлор и Хана Франко, чијашто цел била да се создаде едноставна облека, што може да послужи за секакви прилики, од џогинг, до деловни вечери. Материјалите се одбираат многу внимателно, а појдовна точка е облеката да се чисти лесно, без никакви хемикалии, пишува Tree Hugger.

Се користи специјален вид на волна којашто се пере во машина, зимно време обезбедува топлина, а лете го лади телото. Потоа, еconyl најлон изработен од стари риболовни мрежи, килими и мешавини од рециклиран полиестер и волна.

Фото: époque évolution