Ericsson развива револуционерна автобуска станица

19

ericsson

На светскиот конгрес UTIP во Милано, технолошката компанија Ericsson го претстави концептот на вмрежени автобуски станици со интегриран 3G LTE и Wi Fi small cell технологија, пишува порталот telecom.drive.com.

Овој концепт, како што се наведува, ќе обезбеди дополнителен приход на компаниите што управуваат со градскиот сообраќај, а вмрежените станици може да ги изнајмуваат и мобилните оператори, како уште еден вид на искористување на можностите на нивната мрежа.

Ова стојалиште ќе има и екрани чувствителни на допир, коишто ќе прикажуваат информации за движењето на автобусите, интерактивна мапа на градот, вести и информации за туристите. Исто така, вмрежените станици ќе содржат и CCTV камери за надзор, како и можност за разговор со оператор, со што ќе се зголеми безбедноста на патниците и директната комуникација со службите за итни интервенции.

Голема предност на овие стојалишта е тоа што може да се постави на локации коишто апсорбираат поголем број луѓе, како што се трговските центри и популарни туристички места. На тие локации, мрежите на мобилните оператори се преоптоварени и често пати се случува да не може константно да ги пружат потребните информации. Со користењето на small cell технологијата, Ericsson го решава овој голем проблем.