Ерик Шмид поднесува оставка од функцијата извршен директор на Alphabet

63

37171_102701539796474_2045142_n

Фото: Facebook

Извршниот директор на Alphabet, Ерик Шмид, реши да се повлече од функцијата во јануари, стои во соопштението на компанијата.

Шмид, кој е дел од технолошкиот гигант од 2001 година, ќе остане во одборот како технички советник за наука и технологија. Тој има дадено значителен придонес за развој на Google, којшто од мал калифорниски старт – ап прерасна во една од најмоќните компании во светот.

Шмид беше на претседателската функција од 2011 година. Плановите на Alphabet се да назначи неизвршен директор.

Лари Пејџ и Сергј Брин ја основаа Google во 1998 година. Од тогаш па наваму, компанијата прерасна во глобален ИТ бизнис со повеќе од 70.000 вработени низ целиот свет и со широка палета на производи и платформи. Дел од нив се Search, Maps, Ads, Gmail, Android, Chrome и YouTube. Во октомври 2015 година, Alphabet стана матична холдинг – компанија на Google.