
Производителот на телекомуникациска опрема Ericsson објави во четврток дека планира да отпушти околу 1.600 работни места во својата матична Шведска.
Ericsson го намалува бројот на работници веќе три години со цел да ја зачува профитабилноста во услови на намалени трошоци за 5G мрежи.
Во својата матична Шведска, компанијата веќе најави отпуштања за 1.400 работници во 2023 година и уште 1.200 во 2024 година.
Новиот предлог за отпуштање за приближно 1.600 работници во Шведска „е составен дел од глобалните иницијативи што треба да ги подобрат позициите на трошоците, а воедно да ги зачуваат инвестициите клучни за водечка позиција во технологијата“, се вели во соопштението во четврток.
– Иницијативите за подобрување на ефикасноста на работењето ќе продолжат низ целата група, но нема да бидат објавени одделно, додаде тој.
Менаџментот забележува дека ја информирал Шведската служба за вработување за отпуштањата и дека започнал преговори со надлежните синдикати.
При објавувањето на резултатите во третиот квартал од минатата година, тие нагласија дека прогнозите за бизнисот во следниот период сè уште носат изразена неизвесност, како во областа на царината, така и во пошироката макроекономска средина.
– Ниту една компанија не е имуна на царинските давачки. Ќе видиме што ќе се случи и какви одлуки ќе се донесат, но засега не очекуваме никакво дополнително влијание врз бизнисот, изјави за Ројтерс финансискиот директор на Ериксон, Ларс Сандстром, кон средината на октомври.











