
Една од најпознатите светски организации, Ernst & Young (EY), чиј фокус е на обезбедување услуги во консалтинг, осигурување, стратешки планови и даночни прашања, одлучи да елиминира дури 3.000 работни места во САД.
Најавените кратења влијаат на околу 5 отсто од работната сила во САД, соопшти лондонската EY, ветувајќи „сеопфатна поддршка“ за оние кои се погодени од отпуштањата.
Секако, лош тајминг за веќе загрижените работници бидејќи, според Би-Би-Си, корпоративната Америка се подготвува за економски пад.
Ривалот KPMG, исто така, наводно најавил отпуштања во САД, додека Accenture и McKinsey се меѓу големите имиња што најавија отпуштања во изминатите неколку месеци.
Accenture, особено, укинува 19.000 работни места или приближно 2,5% од својот персонал ширум светот, додека McKinsey наводно укинува околу 1.400 улоги или 3% од својата работна сила.
Фото: facebook











