Ерсте група достави писмо со намери за купување на Хипо Алпе Адриа банка во Србија, дознава Бета. Претседателот на извршниот одбор на Ерсте група, Андреас Трајхл ја потврдил намерата велејќи дека чекаат одговор од австриската банка и доколку понудата не биде прифатена, имаат резервен план за ширење во Србија.
Тој прецизираше дека резервниот план подразбира “органски раст” на Ерсте банка во Србија, односно ширење на работењето, пред се во делот со граѓаните.
“За Ерсте банка во Србија, 2012 година беше успешна”, оценува Трајхл и додава дека за Ерсте групацијата, Србија е важен пазар, со потенцијал за раст.