Ethereum неизбежно ќе стане криптовалута број 1

270

Најџел Грин е многу оптимист за Ethereum (ЕТH), велејќи дека неговата вредност ќе ја надмине вредноста на Bitcoin (BTC) во рок од пет години.

Извршниот директор и основач на финансиската консултантска организација deVere Group, рече дека Ethereum треба да продолжи да се претставува подобро од Bitcoin во 2021 година.

Грин, исто така, верува дека вредноста на ЕТH ќе ја надмине вредноста на BTC за неколку години.

„Ethereum го надмина Bitcoin и овој тренд може да се очекува да продолжи до крајот на 2021 година“, рече тој.

Втората по големина криптовалута според пазарната капитализација скокна за 300% досега оваа година, додека најпопуларниот дигитален имот во светот порасна за 55%.

„Всушност, ги надмина сите други [големи] средства во првата половина од оваа година“, додаде Грин, цитиран од „City AM“.

Почитуваниот аналитичар препишува два клучни фактори на перформансите на Ethereum во 2021 година – има повисоко ниво на потенцијал за вистинска употреба и е најбараната платформа за развој на паметни договори.

На тој начин ја нагласува вредноста на оваа мрежа не само како платформа за програмери, туку и како глобален финансиски адут.

Второ, Грин коментираше дека ентузијазмот на инвеститорите за транзиција кон ЕТХ 2.0 е голем поттик не само за Ethereum, туку и за самата блокчејн технологија.

„На крајот на краиштата, тоа ќе значи дека неговата вредност ќе ја надмине вредноста на BTC – веројатно во рок од пет години“.

Извршниот директор на компанијата има позитивни вести и за Биткоин и останува уверен дека BTC ќе ја достигне, па дури и ќе ја надмине, нејзината рекордна вредност од средината на април од 65.000 долари до крајот на 2021 година.

Сепак, тој заклучува дека: „Подемот на Ethereum до врвот на крипто-универзумот изгледа неизбежно“.

Според британската крипто-берза CoinJar, Ethereum го надминал Bitcoin во речиси секој важен индикатор. Во блог пост на 18 август, од берзата соопштија дека Ethereum веќе го надмина Bitcoin во бројот на трансакции, вкупната вредност на трансакциите, дневните активни портфолија, трансакциските такси и приходите.

Според извештајот на Coinbase за вториот квартал, обемот на тргување на Ethereum го надмина тој на Bitcoin за прв пат во својата деветгодишна историја.

Трговијата со ЕТH учествуваше со 26% во вкупниот обем во вториот квартал, наспроти 21% во претходните три месеци. Bitcoin објави 24% за тој период.