Etihad Airways ги плаќа трошоците за лекување ако патници се заразат со корона

28

Авиономпанијата Etihad Airways, со седиште во Абу Даби,  соопшти дека ќе ги покрие трошоците за лекување и карантин доколку некој од патниците се зарази со корона вирусот на нивните летови.

Авиокомпнаиите ширум светот се обидуваат да пронајдат начини да ја стимулираат побарувачката која е погодена со пандемијата, а се очекува дека ќе им биде потребна една година за да се опорават, пренесе Reuters.

Трошоците за лекување до 150.000 евра и трошоците за карантин до 100 евра дневно во текот на период од 14 дена ќе ги покрие Etihad Airways за своите патници кои би се заразиле со вирусот во рок од 31 ден од првото патување.

Осигурувањето против Ковид-19 вклучено е во цената на авионските билети за патување до крајот на годината, и важи низ целиот свет, а се нуди во партнерство со осигурителната куќа AXA.

Фото: Facebook