Етихад чека да се исполнат сите услови за да го преземе управувањето со Јат

27

etihad jatМенаџментот на емиратски Етихад, стратешкиот партнер на Јат, вчера не го презеде управувањето со новата српска авиокомпанија. Тоа ќе го направи откако ќе бидат исполнети сите регулаторни услови и обврски. Дали тоа ќе биде за три, четири или пет дена, засега не е познато, изјави в.д. генералниот директор на Јат, Велибор Вукашиновиќ, јавува Танјуг.

Од Етихад пред две недели беше соопштено дека договорот за менаџмент на фирмата ќе стапи на сила по регулаторните одобренија.

Владата на Србија на 1 август со Етихад ервејз потпиша договор за стратешко партнерство, со кое компанијата од Обединетите Арапски Емирати стана сопственик на 49% од капиталот на српската авиокомпанија. Јат наскоро треба да започне да работи како Air Serbia, но формално правно нема веднаш да го смени името. Тоа ќе се случи кога компанијата ќе го измени и својот оперативен авиокомпаниски сертификат.

Предвидено е српската авиокомпанија со Етихад да има флота од 10 нови ербаси.