eTrader бесплатен за инвеститорите до крајот на годината

49

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно до крајот на годината, односно до 31.12.2020 година.

eTrader е апликација наменета за клиентите на брокерските куќи и банките што овозможува праќање електронски налози до членките на Берзата и комплетен увид во тргувањето со хартии од вредност во реално време. Со eTrader апликацијата доволно е да се поседува електронски уред со пристап на интернет и независно каде инвеститорот се наоѓа може да дава електронски налози до својот брокер и да го следи тргувањето во реално време. На овој начин се заменува традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа или банка.