ЕЦБ: 13 европски банки паднаа на стрес тестот

73

european_central_bank

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека 13 од вкупно 130 најголеми банки во евро зоната паднале на таканаречениот стрес тест, чија цел е да се утврди како успеале банките да ја надминат новата финансиска криза.

“Оваа уникатна и ригорозна вежба е голема пресвртница во подготовката за Единствениот надзорен механизам, кој ќе биде целосно оперативен во ноември. Опсежната и длабинска анализа на најголемите банките во евро зоната ја зголемува довербата на јавноста во банкарскиот сектор“, вели Виктор Констанцо, заменик претседател на Европската централна банка.

Во соопштението на ЕЦБ се наведува дека вкупно 25 банки мора да ги зголемат задолжителните резерви на капитал, а 12 од нив веќе го направиле тоа. Преостануваат уште 13 банки кои имаат рок од две недели да испланираат на кој начин ќе ги зголемат резервите на капитал.

Меѓу нив се грчките Eurobank и NBG, австриската Folksbank, португалската Banko commercial Portuges, како и словенечките Нова љубљанска банка и Нова кредитна банка Марибор.

Целта на стрес тестот е зајакнување на банкарскиот систем за да може да се зголеми кредитирањето на компаниите и да го поттикне закрепнувањето на европските економии.