
Во вториот квартал од оваа година, банките во еврозоната имаат намера да ги заострат условите за кредитирање на компаниите и очекуваат послаба побарувачка за кредити, покажаа резултатите од истражувањето на Европската централна банка (EЦБ).
Кредиторите, пишува Хина, планираат умерено да ги заострат условите за кредитирање на компаниите во тој период, додека оние за кредитирање на домаќинствата треба да останат непроменети во периодот од април до јуни.
Во првиот квартал, за прв пат од четвртиот квартал од 2021 година, банките ги олеснија условите за одобрување станбени хипотекарни кредити. Дополнително се заострија условите за потрошувачки и други кредити на домаќинствата.
Истражувањето покажа и значително послаба побарувачка од компаниите на почетокот на годината, иако банките предвидуваа закрепнување на овој план.
Според аналитичарите, тежина се повисоките каматни стапки, намалените фиксни инвестиции на компаниите и влошувањето на расположението на потрошувачите.
Во вториот квартал банките прогнозираат умерен пад на побарувачката за кредити од компаниите и нето-засилена побарувачка од домаќинствата.











