ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо позајмуваат од банките

8

Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо позајмуваат од банките, се вели во извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во февруари објавен денеска.

Кредитирањето на банките за домаќинствата во еврозоната во февруари порасна за 0,3 отсто на годишно ниво, исто како и во јануари, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Вкупната вредност на кредитите на приватните компании (освен финансиските) во февруари е зголемена за 0,4 отсто на годишно ниво.