ЕЦБ: Еурибор на рекордно ниво

14

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја задржи клучната каматна стапка на исклучително ниско ниво и за сега не ја намалуваат финансиската поддршка на економиите од еврозоната преку програмата за купување обврзници.

Еурибор е просечна каматна стапка по којашто група европски банки меѓусебно си позајмуваат пари, за којашто во другите земји се врзани повеќето кредити во евра.

Централната банка на 19-те земји од монетарниот блок соопшти дека очекува инфлацијата во еврозоната во блиска иднина ќе остане под целта на ЕЦБ од неполни 2%.

ЕЦБ овој квартал месечно купувала околу 80 милијарди евра долг во рамки на програмата за поддршка во однос на околу 62 милијарди евра во првото тримесечје.

Фото: Pexels