ЕЦБ ги задржа непроменети каматната стапка и програмата за поддршка

46

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука да ги задржи непроменети каматните стапки и корона програмата за економска поддршка.

Според CNBC, оваа одлука на Централната банка на еврозоната доаѓа и покрај зајакнувањето на девизниот курс на еврото, со кое се тргуваше на ниво од околу 1.835 долари пред седницата на ЕЦБ.

ЕЦБ внимателно ги следи движењата на единствената валута, бидејќи посилното евро го прави увозот поевтин, што влијае врз извозниците од еврозоната и ги заострува финансиските услови за пошироката економија.

Неочекувано ниската инфлација во еврозоната во август, најниска од 2001 година, отвори и прашања дали ЕЦБ ќе мора да стори повеќе за да ја закрепне економијата во еврозоната.

Сепак, ЕЦБ донесе одлука засега да не прибегнува кон големи промени. Така, каматната стапка на ЕЦБ на главните операции за рефинансирање е задржана на 0%, кај заемите за преку ноќ на деловните банки на 0,25%, додека каматната стапка на депозитите кај централната банка остана минус 0,5%.

Покрај тоа, обемот на т.н. Пандемиска програма за итни набавки на ЕЦБ е задржана на 1,35 трилиони евра.

Во јуни, ЕЦБ ја зголеми својата корона-програма за стимулирање за 750 милијарди евра на 1,35 трилиони евра, што ќе трае најмалку до јуни 2021 година. Аналитичарите предвидуваат дека вкупниот износ на оваа програма ќе се зголеми пред крајот на годината.

Фото: Freepik