ЕЦБ го запира печатењето на банкнотата од 500 евра

57

A bank employee holds a pile of 500 euro bank notes in Madrid

Управниот одбор на Европската централна банка донесе одлука за перманентно запирање на печатењето на банкнотата од 500 евра, стои во соопштението на ЕЦБ.

Причината поради којашто највисоката европска монетарна институција ја носи оваа одлука е спречување на нелегалните активности со банкнотата од 500 евра. Издавањето на банкнотата целосно ќе запре на крајот од 2018 година.

“Со оглед на меѓународната улога на еврото, банкнотата од 500 евра и понатаму ќе остане законско средство за плаќање и ќе може да се користи како средство за плаќање на стоки и размена на валути“, стои во официјалното соопштение на ЕЦБ.

Банкнотата од 500 евра ќе ја задржи својата вредност и ќе може да се разменува во националните централни банки неограничен временски период.