ЕЦБ ја претстави новата банкнота од 50 евра

187

50 evra nova banknota

Европската централна банка (ЕЦБ) ја претстави новата банкнота од 50 евра, којашто ќе биде пуштена во оптек на четврти април следната година, стои во официјалното соопштение.

“Претставувањето на новата банкнота од 50 евра ќе ја направи нашата валута побезбедна. Ова ’уметничко дело’ ќе има безбедносни карактеристики коишто ќе помогнат во заштитата на нашите пари. Новата банкнота е дел од нашите постојани напори за зачувување на еврото како стабилна валута, на којашто се потпираат 338 милиони луѓе секој ден“, изјави Ив Мерш, член на извршниот одбор на ЕЦБ.

Податоците покажуваат дека банкнотата од 50 евра се користи многу повеќе од 5, 10 и 20 евра заедно.

Новата банкнота има таканаречен портрет – прозорец, којшто е иновација за првпат вметната на банкнотата од 20 евра.