ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за уште 25 базични поени на 4,25 отсто

33

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми референтната каматна стапка за уште 25 базични поени, на 4,25 отсто.

ЕЦБ одлучи да ја зголеми каматната стапка деветти пат по ред, а сега таа е највисока од октомври 2008 година.

Каматната стапка на депозитите сега е 3,75 отсто, што е највисока во изминатите 22 години.