ЕЦБ: Можна ранливост на економијата на Хрватска и Бугарија по воведување на еврото

45

Претстојното воведување на еврото во Бугарија и Хрватска и покрај предностите што ги носи, би можело да ги направи ранливи економските политики на двете земји, објави Европската централна банка (ЕЦБ).

Усвојувањето на единствена валута како законско средство за плаќање ја зголемува монетарната стабилност, што се манифестира преку стабилни и ниски реални каматни стапни, но оваа користи може да ја изложи земјата на ранливост, ако монетарната стабилост се смета за замена за дисциплинирате и одржливи економски политики.

ЕЦБ на 10-ти јули 2020 година го одобри влезот на Бугарија и Хрватска во Механизмот на девизен курс, којшто популарно се нарекува чекалница за влез во еврозоната, според којшто се утврдува курсот по којшто ќе се изврши замена на националната валута за еврото.

Фото: Freepik