ЕЦБ сака да ги зачува поволните услови за финансирање во еврозоната

25

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги преиспита мерките на монетарната политика на следната седница за да може да си зачува поволните услови за финансирање во економиите во еврозоната, најави нејзината претседателка, Кристин Лагард.

ЕЦБ минатата недела ја зголеми стапката на базна инфлација на среднорочен период од “нешто над два“ на 2%, назначувајќи дека во период на помал економски раст некое време би можело да се толерира повисока стапка на инфлација.

Пораката треба да сигнализира дека банката нема премногу рано да ја заостри монетарната политика, иако цените во претстојниот период би можеле да бидат посилни, но само на кратко.

“Проценувам дека и понатаму одлучно ќе ги одржуваме поволните услови за финансирање во нашата економија“, рекла Лагард.

Кризната програма за купување обврзници во пандемија на ЕЦБ, во вредност од 1.850 милијарди евра, останува на сила барем до март следната година.

Фото: Facebook