ЕУ бара воведување на универзален полнач

27

Претставници од Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија да го забрза процесот на воведување универзален полнач за сите мобилни телефони и други мобилни уреди. Целта на оваа мерка е заштита на животната средина и зачувување на интересите на купувачите.

Уште во 2014-та година, законодавците на ЕУ повикаа на осмислување на универзален полнач и ја овластија Комисијата да продолжи да работи да работи на тоа преку делегиран акт.

Некои претставници го критикуваа бавното спроведување, а некои дури изразиле сомнеж дека можеби се плашат од големите корпорации коишто се противат на таквите мерки, како што е Apple.

Фото: Pexels