ЕУ би можела да позајми 1.500 милијарди евра за справување со кризата

82

Во справување со последиците од коронакризата, ЕУ може да финансира фонд од 1.500 милијарди евра заеми загарантирани од земјите-членки, рече еден од тројцата потпретседатели на Европската комисија.

“Можевме да замислиме ваков фонд“, во рамки на “реконструкцијата“ на посткризната европска економија, изјави летонскиот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровски, за германскиот весник Handelsblatt.

Тој додаде дека досега ништо не е одлучено и рече дека следната видео-конференција на европските шефови на држави таа тема би можела да биде отоврена.

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната во четвртокот решија да формираат фонд за зајакнување на европската економија, покрај пакетот за итна помош од повеќе од 500 милијарди евра, но засега нема конкретни детали за фондот.

Фото: Pixabay