ЕУ: Фалсификувана и потенцијално опасна стока вредна 740 милиони евра запрена на царините во 2018 година

27

Извештај на Европската комисија (ЕК) покажува дека се зголемува бројот на заплени на лажна стока што се увезува во Унијата во 2018 година. Во 2017 година, царинските власти на Европската унија заплениле 57.433 пратки, додека минатата година таа бројка достигна 69.354, а вредноста достигна 740 милиони евра.

Најважна категорија на запленети производи се цигарите, што претставуваа 15% од вкупниот број на запленета на стока. Потоа следуваат играчки (14%), амбалажа (9%) и облека (9%). Производите за секојдневна лична употреба во домот, како што се производи за нега на тело, лекови, електрични уреди, играчки и слично чинат 37% од вкупниот број на запленети предмети.

Кина и понатаму е главна земја во којашто се крши правото на интелектуална сопственост. Македонија, според европските податоци, е најголем извозник на фалсификувани алкохолни пијалаци. Турција е главен извозник на други видови на пијалаци, парфеми и козметика.

Фото: Pixabay