ЕУ ги менува правилата за рекламација на производи

41

Европската унија го промени правилото за рекламација на производи, па потрошувачите кои досега имаа проблем при враќање пари или добивање нов уред во случај да купиле производ со некаков недостаток, ќе им биде уште потешко да се справат со трговците.

Согласно новите законски измени, што се преземаат и во Хрватска, како што пренесува Јутарњи лист, потрошувачите во случај на пријава на недостиг на купен производ повеќе нема да може да изберат меѓу поправка и замена на производот, туку трговецот автоматски расипаниот уред го носи на сервис, а замена ќе биде можна дури ако не е можно уредот да се поправи.

Овие измени се дел од стратегијата на ЕУ којашто “одбра да промовира зелена, циркуларна економија и да го намали отпадот што се појавува како недостиг на често фрлање на уреди што кога ќе се расипат наместо да се поправат, се фрлаат“.

“Начелно, ставот на ЕУ да се намали отпадот и да ги натера трговците најмалку седум години да чуваат резервни делови за продадените уреди, не е лош, но сигурно е дека остварување на правото на поврат на пари, како и замена на уредите, за корисниците сега ќе бидат многу тешки. Мислам дека тоа на долг рок ќе има добро влијание врз производителите, бидејќи со таква пракса ќе мора да произведуваат подобри и поквалитетни уреди, коишто во себе нема да имаат вградени грешки по одреден број саати користење, што е сега случај“, вели Ана Кнежевиќ, претседателка на Хрватското здружение за заштита на потрошувачи.

Фото: Pexels