ЕУ гласа за укинување на летното и зимското сметање на времето

49

Фото: Pixabay

Пратениците од Европската унија гласаа за укинување на летното и зимското сметање на времето, пишува Reuters.

Одлуката на Европскиот парламент не е конечна, бидејќи ова прашање ќе биде отворено во сите земји членки на Унијата, по што ќе се донесе конечен закон.

Претходно, спроведените истражувања покажуваат дека 84% од испитаниците сакаат да го прекинат сезонското менување на времето.

Многу земји членки почнаа два пати во годината да го менуваат времето, во текот на нафтената криза во 70-тите години, како обид да заштедат енергија.

Времето се менува два пати во годината, на крајот на март и на крајот на октомври.